Станува збор за фабрика која креира место наменето за заедницата, односно го создава повеќекатниот парк (MFO) од винова лоза во Швајцарија каде се испреплетуваат историјата на индустриската зона и убавината на природата.
Паркот е дел од масивниот развој на најиндустриската зона на Цирих. Визијата за градот предвидува инкорпорирање нови станбени зони, простори со мешана употреба како и зелени површини. Една од целите на MFO е крирање на јавен простор за соседството, кој исто така ќе служи и како сала за настани.
Инаку, токму овој простор порано бил наменет за производство и тестирање на оружје. Проектот за обнова го зазема своето место по затворањето на фабриката во 1999 год.