Насловна / Архитектура / Од фабрика до локално урбано јадро во Лунд, Шведска

Од фабрика до локално урбано јадро во Лунд, Шведска

„Hage“ е првата затворена градина во квартот Ранген дизајнирана од норвешките архитекти Brendeland & Kristoffersen, во соработка со инженерите Price & Myers од Лондон. Проектот за градината циркулира околу три позиции и тоа: околу  дрвото, средиштето за седење и континуираната структура на ѕидини од тула, остатоци од некогашната фабриика.

Во понатамошниот период, со растот на урбаното ткиво околу градината се предвидува, истото да прерасне од приватна градина во локален јавен простор на градот за новата заедница, како интегриран дел од секојдневниот живот во Ранген.

11

Проектот се наоѓа во Скане, провинција во најјужниот дел на Шведска, со ниска топографија и одлична плодна почва. Малме е регионален главен град, но Лунд со својот препознатлив континуитет на универзитетска престолнина и катедрала е нејзина историска референца.

Архитектите Брендел и Кристоферсен го покренаа проектот во кварт со интензивен урбан раст, североисточно од градот Лунд, многу блиску до двата светски познати истражувачки центри како што е лабораторијата Макс IV (оперативен центар за истражување на материјали) и European Spallation Facility (мултидисциплинарен истражувачки објект), кој треба да се отвори во средината на следната деценија.

Втор важен аспект на планираниот зафат се неговите промотори. Иницијативата потекнува од општинските власти со помош на неколку партнери, меѓу кои и Управниот одбор на катедралата во Лунд. На површина од околу 450 хектари, од кои 150 хектари во моментов во сопственост на црквата во Бруншог, десет се наменети за развој, а катедралата директно се зафати со нејзиниот развој.

10

Проектот е распространет на рамен терен, на земјоделски пејзаж, налик на градина со ѕидини за луѓето да се сретнат, разговараат, играат и разменуваат идеи, со морфологија слична на онаа на градбите  во околината, затворајќи ја од три страни со ѕид висок 2,4 метри направен од рециклирани тули.

7

Катедралата во Лунд одлучи да пренамени дел од својот имот за да развие алтернативен јавен простор во согласност со брзата урбанизација на непосредниот контекст.

Четвртата страна е отворена и заштитена со челична настрешница, под која се наоѓа долга дрвена маса, придружена со две клупи. Двата камени блока што ја поддржуваат масата се набавени од блискиот каменолом, а 48.000 рециклирани тули дојдоа од неодамна урнатата фабрика за џем Бјорнекула.

6 5 4 2 1 8

Испрати коментар

Scroll To Top