На наредниот саем за градежништво BAU во Минхен, ќе бидат три водечки теми „Енергетска ефикасност и ефикасно користење на ресурсите“, „Човек и згради“ и „Интелигентна урбанизација“. Како што изјави по тој повод за Танјуг, претставникот на саемот Давид Кребс, темите однапред се договараат со индустријата, и во тој поглед на саемот му е многу битно да излезе во пресрет на градежната индустрија.
Темата „Човек и згради“ е битна бидејќи луѓето што живеат во зградите можат сега заедно со градежната индустрија да дефинираат како треба да изгледаат тие објекти. „Сите знаеме дека сме соочени со засилена урбанизација, во наредните две до три децении луѓето од селските подрачја се повеќе ќе ги населуваат градските, што за градовите претставува голем проблем. Треба да се одредат стандарди за нивно проширување, што е проблем и за урбанистите“, истакна тој.
Тој најави дека водечките теми ќе бидат обработувани и преку изложби и низ форуми, така што ќе се постават трендовите за наредните години.
Саемот BAU се организира секоја втора година и е еден од најважните саеми за градежништво во светот, бидејќи ги трасира трендовите за наредните години, така што не е необично што се формираат листи на чекање за учество на него.