Српската министерка за градежништво, сообраќај и инфраструктура Зорана Михајловиќ за српските медиуми изјави дека од 4 јануари во сите локални власти ќе почнат да функционираат електронски градежни дозволи и дека таквиот пристап ќе резултира со намалување на дивоградбите и со привлекување на инвеститори.
Исто така, според неа, Владата на Србија во 2016 година максимално ќе се посвети на инфраструктурата и дека планот за следната година е да се направат 98 километри автопат во Србија, и да се завршат повеќе од 120 километри железнички пруги.
„Ние следната година ќе го завршиме Коридорот 10 и ќе се заврши реконструкцијата на пругата Белград-Бар“, изјави министерката Михајловиќ.