Насловна / Арт и дизајн / Од денес „Цврсто, сите заедно!“- Скопје постер фестивал

Од денес „Цврсто, сите заедно!“- Скопје постер фестивал

Плакарт е еден од организаторите поттикнувачи на создавањето на глобалната мрежа на дизајн-асоцијации и здруженија, кои имаат за цел да инспирираат движење за поддршка во борбата со пандемијата предизвикана од Ковид-19 и сите предизвици поврзани со истата.

За таа цел, во склоп на овогодишното 13-то издание на Скопје постер фестивал, ќе бидат изложени плакати од 75 светски дизајнери, од 56 земји од целиот свет, вклучувајќи ја и Македонија. Целата иницијатива се реализира во сорбаотка со „Poster Тerritory” од Калифорнија, Чешката асоцијација за графички дизајн, Московското биенале и реномираниот дизајнер Мирко Илиќ од Њујорк – познат на нашата публика како еден од најинспиративните дизајнери и стрип-уметници од поранешна Југославија. Исто така ќе бидат претставени и студентски плакати, кои се приклучија на повикот на нашата иницијатива и секако заеднички ќе дадеме придонес во ширењето на мисијата и гласот на уметникот.

ск1_resize

Дел од дизајнерите што ќе бидат застапени се: Јоси Лемел (Израел), Мирко Илиќ (Њујорк), Хавиер Борбола (Куба), Адек Сапутра (Индонезија), Петре Поч (Унгарија), Тирсо Цезар (Италија), Кристофер Скот (Еквадор), Луис Ривера (Бразил), Ерин Брајт (САД), Роберт Јанг (Велика Британија), Небојша Гелевски и Лазе Трипков (Македонија), Хитоши Мјура (Јапонија) и др…

Изложбата e поставена во Галерија МКЦ од денес до 26 ноември.

Испрати коментар

Scroll To Top