Насловна / Архитектура / Од денес Аја Софија повторно e џамија

Од денес Аја Софија повторно e џамија

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган денес потпиша декрет за враќање на истанбулската Аја Софија во џамија, откако турскиод суд ја поништи владината уредба од 1934. година со која некогашната византиска православна базилика, а потоа, по падот на Цариград 1453. година под османлиска власт, џамија, е претворена во музеј.

11

Ердоган на својот Твитер налог го објави декретот кој е потпишан и изјави дека е донесена одлука контролата над џамијата Аја Софија да се предаде на верската дирекција на земјата и повторно отвори поради (муслиманско) богослужење, пренесува Ројтерс.

Денес, Државниот совет на Турција ја поништи одлуката на секуларната турска влада на Кемал Ататурк од 1934. година за претворање на Аја Софија во музеј, јавува АП.

22

Највисокиот административен суд во Турција, денес донесе пресуда со која се овозможува на владата да ја преобрати истанбулската Аја Софија, некогашната  византиска православна базилика, која по падот на Цариград во 1453. година под  Отоманска власт станала џамија, а која сега е музеј.

Одлуката би можела да ги засили тензиите со соседна Грција, која ја повика Турција да го задржи статусот на Аја Софија како музеј.

Намерата на турските власти Аја Софија повторно да се претвори во џамија наиде на остри критики во светот.

Испрати коментар

Scroll To Top