Поминаа две години откако Bugatti Chiron ја проби границата од 300 милји на час, односно 482 km/h, а сега стартуваат и првите испораки на производната верзија базирана на тој прототип. Имено, овој автомобил би патувал теоретски по автопатот Белград – Загреб за само еден час, доколку постојано вози со максимална брзина. Можностите кои ги нуди, се карактеристични за малку автомобили. Презентирани се 8 парчиња на овој модел, а за почеток ќе се понуди лимитирана серија од 30 парчиња. На патот ќе се препознае според модифицираниот заден дел, како вертикално наредени завршници на издувните цевки. Развива неверојатни 1600hp, а неговата цена стартува од 3,5 милиони евра.
Насловна / Арт и дизајн / Од Белград до Загреб за 1 час: Првите осум Bugatti Chiron Super Sport 300+