Насловна / Вести / Од Белград до Нови Сад по брза железница со 200 километри на час

Од Белград до Нови Сад по брза железница со 200 километри на час

На вчерашната свеченост по повод спојувањето на железничкиот колосек на делницата Стара Пазова – Нови Сад на вијадуктот во Чортановци, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека граѓаните за шест месеци ќе можат да се возат со новата брза пруга од Белград до Нови Сад.

1_resize

„Железницата ќе биде целосно завршена до крајот на годината, а потоа ќе започне тестирањето на возовите со најголема брзина, прво во Батајница, потоа ќе започне комерцијалната употреба на пругата“, рече Вучиќ, потсетувајќи дека возовите ќе сообраќаат со брзина од 200 километри на час.

Инвестицијата е вредна 850 милиони евра. Само делот Стара Пазова – Нови Сад чини 580 милиони долари, Белград – Нови Сад 850 милиони долари, а делницата Нови Сад – Суботица ќе чини 1,2 милијарди долари.

Како што е најевено од Белград до Нови Сад по брзата железница ќе се стигнува за 25 минути со возови кои ќе возат речиси 200 километри на час.

VUCIC PRISUSTVOVAO CEREMONIJI SPAJANJA ZELEZNICKOG KOLOSEKA

Оваа железница е дел од пругата Белград – Будимпешта, а пругата низ Србија е во должина од околу 184 километри.

Проектот за брза железница од Белград до Будимпешта беше договорен како заеднички проект меѓу Србија, Кина и Унгарија во рамките на глобалната иницијатива на Кина „Појас и пат“. Кога ќе биде завршен проектот, меѓу Белград и Будимпешта со воз ќе се патува за два часа и 45 минути.

Градилиштата се поделени според делници, градат руската компанија „РЖД Интернешнел“ и кинеските „Чајна рејвеј интернешенел“ и „Чајна комјуникејшнс констракшн компани“. Покрај руски и кинески компании, ангажирани се и околу 170 домашни фирми како подизведувачи.

3_resize

Олег Белозјоров, генерален директор и претседател на Управниот одбор на „РЖД Интернешнел“,изјави дека поради техничката сложеност, ваков проект не постои во балканскиот регион.

Руската компанија соопшти дека во април годинава, половина година пред договорените рокови, компанијата ја заврши изградбата на двата најголеми објекти во Србија, вијадуктот долг три километри и тунелот Чортановци, додека изградбата и модернизацијата на железничката пруга Стара Пазова-Нови Сад, долга 40,4 километри, каде компанијата работи од 2017 година е во завршна фаза.

410

Соработка со РЖД продолжува, започнати се и преговорите за изградба на единствен диспечерски центар. Единствениот диспечерски центар ќе има посебни регионални диспечерски центри во Нови Сад, Белград, Ниш и Пожега и тоа ќе го врзе целиот систем и ќе гарантира 100 отстотна безбедност за сите возови. Диспечерскиот центарот ќе овозможи во секој момент да се види позицијата на секоја локомотива и патниците.

Испрати коментар

Scroll To Top