Насловна / Вести / Од Амстердам до Париз за час и половина, со супер брз нискоенергетски воз

Од Амстердам до Париз за час и половина, со супер брз нискоенергетски воз

Холандската компанија Hardt hyperloop објави дека наскоро ќе го реализираат својот проект за нискоенергетски, супер брз воз, со кој патниците од Париз до Амстердам би се превезувале за час и половина. Според истражувањата кои ги спровела компанијата, новиот воз би можел да стане реалност во 2028 година, а нивната примарна задача се пет главни рути. „Она што го чини овој проект единствен е големиот капацитет, ниската потрошувачка на енергија и големите брзини кои значајно ќе го скратат времето на патување“ тврди претставник од компанијата. Планот е да се изградат национални, но и меѓународни рути. Така, планирано е поврзување на Амстердам не само со Париз, туку и со Гронинген, Хаг, Дизелдорф и Франкфурт. Во компанијата веруваат дека овој тип на превоз драстично ќе го промени начинот на кој луѓето донесуваат одлуки за местото на живеење или работа, бидејќи занчително ќе го олесни патувањето.

hardt1

hardt2

hardt3

hardt4

Испрати коментар

Scroll To Top