Сите нови автомобили кои се продаваат во ЕУ, ќе мора да бидат опремени со технологија за предупредување за брзината. Новиот систем ќе биде задолжителен за сите нови автомобили од 7-ми јули. Системот е наречен ISA и е скратеница од Intelligent Speed Assist.
Со помош на овој систем, возачите ќе бидат предупредувани за надминување на ограничувањата во брзината со звучни или визуелни сигнали, или пак некоја друга технологија. Системот не ја ограничува брзината преку блокирање на максимална граница, туку само дава информација односно предупредување до возачот. Можно е дури и да се исклучи во текот на возењето, но целта на законодавецот е јасна – намалување ан бројот на несреќи, особено несреќи со смртни последици поврзани со пребрзо возење.