Насловна / Вести / Од 5-ти мај почнува акцијата „Цел Центар на точак“

Од 5-ти мај почнува акцијата „Цел Центар на точак“

По успехот и огромниот интерес на жителите и оваа година, од 5-ти мај, општина Центар ја започнува акцијата „Цел Центар на точак”.

Cel Centar na tocak (1)

Општина Центар за 2016-та година издвои 2.800.000,00 денари и како и минатите години, ќе субвенционира 30% од вредноста, но најмногу до 3.000 денари.

Напоменуваме дека акцијата важи од денот на објавувањето. Секој полнолетен жител на општина Центар, кој ќе купи велосипед, започнувајќи од 5-ти мај, треба да достави копија од лична карта со која потврдуваат дека се жители на општината, фискална сметка со сметкопотврда или фактура за купен велосипед и копија од трансакциска сметка.Cel Centar na tocak (2)

Досегашните две акции, во кои се исплатени субвенции за купување на нови 1.867 велосипеди,  јасно покажаа дека центарци  сакааат чиста и зелена општина Центар, поздрава животна средина и помал сообраќаен метеж.

Испрати коментар

Scroll To Top