Компанијата Avinor, операторот на државните аеродроми во Норвешка, планира за сите кратки летови до 2040 година да воведе електрични авиони. Тоа е првиот дел од планот на компанијата, кој предвидува сите авиони да бидат електрични. Првата фаза од планот ќе значи воведување електрични авиони за сите летови со времетраење до час и половина, а се однесува за сите домашни летови и летовите кон главните градови во останатите Скандинавски земји. Операторот исто така работи на тендер за мали електрични авиони со 19 седишта кои до 2025 година ќе се користат за комерцијални летови. Електричните авиони се поефтини, но и помалку бучни од стандардните. Во наредните години, Avinor планира да почне да користи и биогорива, како преодна фаза кон електрична флота, со што значително ќе се намали емисијата на стакленички гасови.