Насловна / Вести / Од 19 јануари почнува познатиот саем за мебел IMM во Келн

Од 19 јануари почнува познатиот саем за мебел IMM во Келн

keln namestaj 2015 (2)

Од 19 до 25 јануари во Келн ќе се одржи познатиот годишен саем за мебел IMM. Годинава се очекува над 4000 водечки компании од Германија и светот да ги изложат своите производи, ентериери, мебел и проекти на саемот пред повеќе од 350.000 посетители и љубители на добриот дизајн и мебел. На саемскиот простор од 280.000 метри квадратни, предвидено е да бидат изложени над 100.000 експонати, мебел и декоративни елементи.
Годинава дел од предвидените теми се ентериерите во Австрија, Шведска и Кина, идните трендови за штофот и текстилните материјали кои се користат, тренди боите за уредување на ентериерите во 2015 година, но и како индустријата за мебел се снаоѓа и ги користи можностите на интернет светот и социјалните медиуми за подобра промоција и освојување на пазарот. Посебен акцент ќе биде ставен на меѓународниот дизајн и разликите во дизајнерските трендови и уредување низ различни држави како Шведска, Австрија Кина, Индија, САД и Франција. Како посебна тема се развојните трендови за природен и еко-дизајн.keln namestaj 2015
Еден од главните моменти на саемот е „Das Haus- Interiors on stage“, односно изведбата на целосна куќа со зафатнина од 240 метри квадратни во една од саемските хали. Од саемот секоја година избираат различни архитекти и ентериери да ја проектираат и уредат куќата. Годинава „Das Haus“ ја уредуваат дизајнерите Линдон Нери и Росана Ху, кои имаат свое студио во Шангај и Лондон.

Испрати коментар

Scroll To Top