Од 1. октомври Србија ги укинува таканаречените двојни патарини на релациите Ниш-Прешево и Белград-Суботица.
На овие делници ќе биде воведен систем на наплата според поминат километар, објави српското Министерство за градежништво, сообраќај и инфраструктура.
Новиот систем за наплата според поминат километар ќе се воведе и на овие делници за да има праведна наплата на сите патишта низ земјата.