Насловна / Вести / Од 1 јануари регистар на цени на недвижностите во Македонија

Од 1 јануари регистар на цени на недвижностите во Македонија

porta3_2

Агенцијата за катастар од први јануари следната година треба да почне активности за полнење на регистарот на цени на недвижностите во Македонија, со податоци за сите видови недвижности. Со тоа почнува првиот чекор за масовната проценка на недвижностите, која треба да понуди преглед на вредноста, понудата и побарувачката на пазарот, пишува МИА.

Со измените на Законот за катастар на недвижности, што ги усвои минатиот месец републичкото Собрание, се дефинираат активностите за регистарот, а Катастарот и Нотарската комора ги договорија деталите за начинот и формата на доставувањето на податоците за недвижностите при склучувањето на договорите за купопродажба.

porta3

За секој договор за купопродажба, лицето кое продава ќе мора да пополни формулар со кој подетално ќе ја опише недвижноста. Ќе треба да наведе дали има приклучок за струја, вода, канализација, гас, година на градба, година на реконструкција, материјалот на градбата. Сите тие карактеристики ќе бидат дел од регистарот на цени на недвижности.

Регистарот, според Катастарот, ќе биде јавен и до него ќе имаат пристап сите заинтересирани субјекти, а пред се` ќе биде корисен за банките и проценителите. Со тоа треба да добијат доволно квалитетни податоци за нивната професионална работа. Крајната придобивка од целиот процес треба да биде изедначување на цената на недвижностите. Очекувањата на Катастарот се промена на сегашната состојба, со случаи кога при земање кредит проценителите ја проценуваат вредноста во еден износ, а кога доаѓа до извршна наплата тогаш цената на недвижноста е сосема друга. Граѓаните и инвеститорите, пак, ќе имаат точен преглед за цените при планови за закуп и купување.

porta3_3

Со воспоставувањето на регистарот на цените на недвижности се поставува основата за масовна проценка на недвижностите, операција што исто така треба да ја спроведе Агенцијата за катастар. Со масовната операција треба да бидат опфатени 800.000 објекти и четири милиони парцели. Студијата што ја изготви Катастарот предвидува првин во регистарот да се соберат доволен број податоци. При процесот на масовната проценка, според најавите, ќе бидат ангажирани повеќе лица или вработени во Катастарот кои ќе посетуваат објекти. Ќе треба да утврдат и соберат што поголем број квалитетни податоци за по две години да може да се подготват цени за секој објект поединечно.

Со реализацијата на проектот Катастарот треба да функционира како берза на недвижности. Ќе утврдува индекс на вредноста на недвижностите на дневна, месечна и годишна основа. Активностите се реализираат во соработка со Светка банка, а се користат словенечки искуства. За масовната проценка на недвижностите во Словенија биле потребни три години, а македонскиот Катастар очекува масовната операција во Македонија да се спроведе за пократно време, поради обединетиот систем. По првата проценка ќе следат циклични, односно за секоја недвижност ќе се прави и врши репроценка минимум еднаш годишно.porta3_1

Испрати коментар

Scroll To Top