Нов јапонски закон кој ги дефинира дигитaлните валути како легални платежни опции стапи на сила на 1 април. Тој закон ги опфаќа биткоин и другите криптовалути. Иако овој потег го поздравуваат многу ентузијасти за дигитални валути во Јапонија, тој покрена многу прашања за бизнисите и за сите кои се интересираат за економската активност на државата.
Одборот за стандарди во сметководството на Јапонија пред неколку дена најави дека ќе почне со работа на рамката за дефинирање на третманот на дигиталната валута. Моменталните стандарди на јапонските бизниси не им даваат доволно информации за како да вршат трансакции со криптовалутите или како да вршат размена за други валути.
Тоа ќе ги направи компаниите кои работат со дигитални валути ранливи на ненадејни промени во вредноста. Новите стандарди ќе им обезбедат на тие компании рамка за безбедно прилагодување на промените.