Насловна / Архитектура / „Oceaniums“, пловечки стадиони кои одат кај навивачите

„Oceaniums“, пловечки стадиони кои одат кај навивачите

„Oceaniums“, пловечки стадиони на Vincent Callebaut Architectures, даваат нова перспектива на меѓународните спортски настани. Сега нема навивачите да бидат оние кои одат на стадионите, туку стадионите ќе одат кај навивачите.

6

Наместо постојано да се градат нови стадиони за потребите на секое ново Светско првенство или други меѓународни спортски настани како што се Олимписките игри, француското архитектонско биро Vincent Callebaut Architectures предлага нешто сосема друго: изградба на стадиони за културни и спортски цели кои нема да бидат на копно, туку на море.

5

Наречен „Oceaniums“, пловечкиот стадион ќе биде нешто помеѓу брод и стадион. Футуристичките структури се дизајнирани за навигација користејќи обновливи извори на енергија како што се сончевата светлина, енергијата на ветерот и океанските струи.

4

Според оваа „номадска“ визија, навивачите нема да бидат принудени да одат на застарени стадиони, туку одржливите и еколошки стадиони ќе одат кај навивачите.

3

„Oceaniums“ би бил изграден целосно од природни и рециклирани материјали како полно дрво, рециклиран алуминиум, алги и пластичен отпад. Отпадот ќе биде рециклиран за производство на нови градежни материјали за 3Д принтери кои ќе работат со помош на процесори за вештачка интелигенција. „Oceaniums“ ќе подсетува на корални гребени во процесот на калцификација, скелети од китови кои ја филтрираат морската вода или биолуминисцентните организми и ќе биде светилиште за биодиверзитет посветено на процутот на морската флора и фауна.

2

Новата производствена филозофија, за која се залага компанијата, има за цел да биде регенеративна, каде ништо не се губи, ништо не се создава и се се рециклира. Компанијата тврди дека постепеното укинување на фосилните горива во корист на обновливите извори на енергија ќе го стимулира развојот на енергијата на океаните и технологиите на енергиите на плимата и осеката, како и научните истражувања за морскиот живот и одржливоста.

За повеќе информации за пловечките стадиони „Oceaniums“ и други футуристички проекти на компанијата, можете да ја посетите веб-страницата на Vincent Callebaut Architectures.

1

 

Испрати коментар

Scroll To Top