Насловна / Градежништво / “Ocean Spiral” – град под морето

“Ocean Spiral” – град под морето

JAPAN-SCIENCE-ENGINEERING-ENVIRONMENT
Иднината на човештвото Јапонците ја гледаат под морето, а една нивна компанија го изработила проект-планот “Ocean Spiral” – град под нивото на морето. Копното во Јапонија станува луксуз, па јапонската компанија Shimizu Corporation смислила план – спирален град во океанските длабочини. Предвидено е „Ocean Spiral“ да биде дом за 5.000 луѓе, а секоја од тие спирали внатре ќе ги има сите потребни структури од работа, до разонода и забава. Нацрт-планот е претставен во Токио, а компанијата самоуверено потенцира дека „Ocean Spiral“ ќе биде вселив во 2030 година.

Електрична енергија би се создавала со помош на генератори кои ќе ги искористат предностите на разликите на температурата во морето во различни длабочини. Компанијата за изградба на овој град нема да користи бетон, туку смола. Градежните трошоци за проектот се проценуваат на околу 160 милијарди долари.

Испрати коментар

Scroll To Top