Насловна / Вести / Обука на градежните работници со користење на виртуелна реалност

Обука на градежните работници со користење на виртуелна реалност

Се разгледува нов пристап во обуката на градежните работници, кој користи напредни технологии. Во пристапот кој неодамна за прв пат е користен во Австралија, се користи виртуелна реалност (VR) во реализацијата на обуки. Имено, во текот на тригодишниот проект, тим истражувачи од Универзитетот QUT, организацијата Construction Skills Queensland (CSQ) и компанијата Next World Enterprise, со помош на неколку други институции, врши споредба на ефикасноста на VR обуките со традиционалните методи.

csq1

csq2

Курсот за безбедност при работа на височина, бил избран тест, а неговата изведба преку VR симулација е споредена со истата обука изведена со традиционални методи. Резултатите биле споредливи – обуката „лице в лице“ се покажала како умерено ефикасна веднаш после обуката, но задржаното знаење после еден месец било слично и кај двата пристапи. Извршниот директор на CSQ, Brett Schimming, нагласил дека VR би можела да даде вреден придонес во идните обуки во градежништвото. Уочено е дека технолошкиот напредок создава нови можности за усвојување на нови вештини и пристапи во обуките. VR овозможува симулација нa опасни ситуации, го подобрува разбирањето на бебедносните стандарди и поттикнува промени во однесувањето. CSQ веќе ја користи VR технологијата во образовен контекст, односно за интерактивни презентации на градилиштата во училиштата. Целта им е да ги заинтересираат учениците за кариери во градежништвото.

csq3

Испрати коментар

Scroll To Top