Насловна / Архитектура / Образовен објект полн со светлина и отворени визури кон шумската околина

Образовен објект полн со светлина и отворени визури кон шумската околина

2

Холандската фирма Benthem Crouwel, ја комплетираа  ‘Тhe Grotiusgebouw’-образовната зграда како дел на кампусот на Универзитетот Radboud во Нијмеген, Холандија. Создавајќи блиски односи со околината во која е сместен, со својот компактен дизајн од 5 катови во рамки на своите димензии, каде има вкопани нивоа во земјата,  објектот изгледа како сраснат во теренот. Него ќе го користи Факултетот за правни науки.

1

3

Студентите кои влегуваат во зградата преку главниот влез се вовлечени во централниот светол атриум, каде се наоѓа и библиотеката и аулата, групирани околу овој внатрешен двор. Паркингот за автомобили и велосипеди се наоѓа под земја, поврзан со широко скалишно јадро.

6 7 8 9

Областите за студирање во рамките на овој дизајн се мешавина од еднокреветни соби и услужни области, додека канцелариите се шират кон повискоите катови на планот. На најгорното ниво, е предвидено проширување на визурите преку транспарентни ѕидови кои обезбедуваат отворена и транспарентна средина за учење.

5 4 10

Однадвор, конзолните натстрешници го унифицираат изгледот на структурата со застаклувањето на кое се рефлектира шумската околина на училиштето. Врвот на белата сјајна тенда доведува дневна светлина во зградата, истовремено пренасочувајќи го отсјајот.

11 g1

Испрати коментар

Scroll To Top