Насловна / Архитектура / Образовен центар „Бил Фиш“ за управување со шумите

Образовен центар „Бил Фиш“ за управување со шумите

Изграден на претходно развиена локација и опкружен со 90-годишна шума, Бил Фиш Центарот за едукација и управување со шумите (Bill Fisch Forest Stewardship and Education Centre)  е дизајниран да биде составен дел од еден од најуспешните проекти за обнова на шумите во светот, помагајќи им на жителите на регионот Јорк да научат за важноста на природните ресурси и шумските екосистеми.

Fasada 4_resize

Сместена помеѓу Торонто на југ и езерото Симкое на север, Општината Јорк е дом на нешто повеќе од 1,1 милиони луѓе, од кои многумина беа привлечени до прифатливото приградско домување во изминатите неколку децении. Пред тоа, Јорк беше познат по своето богато земјоделско земјиште, и многу голема површина од автохтоните шуми беа исечени како што растеше населението во областа.

Fasada 3_resize

По значителната ерозија на почвата, општината започна проект за враќање на скоро изгубените шуми. Како резултат на оваа иницијатива, проектот во Јорк е на меѓународно ниво признат како лидер во обновување на локалитетите и управување со шумите, и тоа е првата обновена шума во Канада која е сертифицирана од Советот за управување со шуми.

Fasada 5_resize

Приземниот објект од 4.000 квадратни метри вклучува простор за корпоративни состаноци и образовни програми наменети за различни возрасти. Објектот е проектиран за 100-годишен животен циклус, почитувајќи ги принципите на старата шума што расте околу него од сите четири страни и наследството на околното население.

Fasada 2_resize

Конструктивно објектот е решен со скелетен систем односно со столбови и греди од дрвени ламелирани носачи на кои се монтирани вкрстено лепени плочи (CLT – cross laminated timber). Овие плочи се изработени од мали дрвени елементи слепени во повеќе слоеви. Секој слој е во различна насока, односно под 90 степени во однос на насоката на дрвните влакна од претходниот слој. Ова вкрстување на плочите им дава одлични механички и физички својства во сите насоки. Покрај нивните механички својства имаат и висока естетска вредност, особено кога се изложени да се гледаат во ентериерот, како што е во овој едукативен центар. Кога се видливи плочите во ентериерот секогаш се бира посебна класа на плочи и исто така се обработуваат за да се потенцира естетиката. Изолацијата на фасадата се наоѓа на надворешноста на фасадата, додека завршната фасада е од дрвени елементи.

detal nastreshnica_resize detal fasada 2_resize

Изложените дрвни површини се обработени и премачкани со посебни средства за заштита кои се произведени со најмал процент на материи кои се штетни за животната средина, односно материи кои тешко се разложуваат (Zero VOC материјали). Исто така многу е важно за овој објект да се напомене дека исклучително внимание се посветува на потеклото на дрвото. Целиот дрвен материјал употребен во овој објект е од сертифицирано потекло, односно се потврдува дека дрвото е сечено од одржливи шуми.

Detal fasada 1_resize

Секоја внатрешна просторија има прозорци кои обезбедуваат пристап до свеж воздух и многу  природна светлина. Автоматизираниот систем за прозорците ги отвора и затвора прозорците по потреба, односно кога системот регистрира зголемување на надворешните температури автоматски го регулира протокот на свеж воздух помеѓу горниот и долниот дел на објектот.

Enterier 4_resize

На кровот на Едукативниот центар се инсталирани фотоволтаични панели со кои се обезбедува доволно енергија за функционирање на објектот, а пак при зголемување на сончевите денови се обезбедува поголемо количество на електрична енергија која се враќа во мрежата. Овој вишок на производство создава позитивен енергетски биланс на објектот кој изнесува 8 mWh на годишно ниво. За греење се користи дрво од локалната шума, но само од природно паднати дрва или гранки, додека со вода објектот се снабдува од повеќе позиции. Најголемата количина ја обезбедуваат од два бунари, но проектиран е и систем за собирање на дождовната вода и водата од топење на снегот. Оваа количина на вода се слева во подземен резервоар и потоа се испумпува во системот по потреба.

Voda_resize

Materijal_resize

Главната идеја на Центарот „Бил Фиш“ е да се проектира објект кој е архитектонски пријатен и здрав за престој во него, а во исто време да се запазат сите аспекти на енергетската ефикасност и животниот циклус на материјалите кои се употребени во него. Покрај овие технички параметри како многу важен елемент при проектирање е земена и приказната за шумата, живиот свет и локалното население која треба објектот да ја рефлектира на сите посетители.

Enterier 3_resize Enterier 1_resize

Skica_resize

Испрати коментар

Scroll To Top