Насловна / Вести / Обновливите извори на енергија до 2021 година ќе го заменат јагленот

Обновливите извори на енергија до 2021 година ќе го заменат јагленот

ilustracija-energija-od-obnovlivi-izvori1

Меѓународната агенција за енергетика (IEA) соопшти дека има пораст на производството на електричната енергија од капацитетите од обновливи извори на енергија, пренесува BBC. IEA  во својот нов извештај наведува дека производството на енергија од соларни и ветерни електрани, како и од други обновливи извори, ќе расте побрзо од предвиденото до 2021 година, и тоа главно под влијание на поповолните политики и намалувањето на трошоците за производство. Речиси 825 GW нови капацитети за производство на електрична енергија од обновливи извори би требало да се инсталираат до 2021 година, што е напредок од 42% во однос на 2015 година, и претставува зголемување од 13% во однос на претходно најавените прогнози за истиот период. Во 2021 година, обновливите извори на енергија ќе претставуваат 28% од светското производство на електрична енергија. „Оваа оптимистичка перспектива се објаснува со напредокот на политиките особено во три земји – САД, Кина и Индија“, истакнува Паоло Франкл, директор на Одделот за обновливи извори на енергија при IEA. За пет години, трошоците за соларна енергија би требало да се намалат за 25%, а оние за енергија од ветерот за 15%.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top