Обновата на познатиот рибен маркет Besiktas во Истанбул е изведена со цел да иницира динамична основа од аспект на функционалното обликување, директно влијаејќи на артистичкиот пристап и перцепција.
Архитектонскиот контекст е конституиран преку симплифициран пристап кон дефинирање на формата, резултирајќи со триаголен простор со димензии 26×23/2, кој ги задоволува условите за поставување на привремени уметнички инсталации и елементи, генерирани преку медиуми како бојата, текстурата, светлината.
Концептот за обновата на рибниот маркет примарно се фокусира на елиминација на опасноста од негово запуштање, решавање на недостатокот од инфраструктура и хигиена, како и желбата за добивање на попрофесионална средина.