Иконичниот облакодер Aurora Place во историскиот кварт на Сиднеј, проект на Ренцо Пиано, кој содржи канцеларии и станови сега е реновиран.
Архитектите од австралиското биро Cox Architecture направиле воздржано и обмислено реновирање на култното лоби и предворјето на Aurora Place. Проектот го реобмислува просторот преку призма на гостопримство, создавајќи наменски поставки каде што посетителите можат да се ангажираат, да се повлечат, да престојуваат или да вечераат.
Органски поделен на две различни области што се наоѓаат во преддворјето на лифтот, западниот деловен салон има поглед на улицата Philip Street и нуди флексибилни простори за состаноци и соработка. Наспроти тоа, на источната страна се наоѓа живописно кафуле карактеристично по монолитен бар од травертин, каде што изобилството колачи, кафе и салати создаваат пријатна атмосфера.
Обликувањето на ентериерот создава чувство на гостопримство, опремен е со класични парчиња мебел, слоевити килими и внимателно курирана уметност. Надградбите на осветлувањето ја одржуваат беспрекорната рамнина на таванот со внимателно реставрирање и обновување на оригиналните ѕидни светла.
Чувствителни и со почит на архитектонското значење на зградата, COX се одлучиле за минималистичка палета, комбинирајќи модерни елементи со почитување на оригиналниот дизајн.
Црниот под е задржан и суптилно зголемен за да се создаде помал камен модел кој преминува од урбано во ентериерот, разграничувајќи ги просторите за престој. Предворјата на лифтовите се обложени со мек мат сив камен за да се овозможи контраст на топлината на теракотата. Терацо ѕидовите, кои врамуваат курирани уметнички дела, нудат контролирана декорација во инаку намерно воздржан простор. Сивиот травертин служи како современ додаток за обликување на шанкот кој изгледаат речиси како да лебди над постоечкиот црн камен под преку интегрирани детали за осветлување.
Реновирањето на Aurora Place е дел од развојната стратегија за повторно заживување на архитектонската икона како одговор на променливите потреби на работната сила.
„Го задржавме духот и идентитетот на оригиналното место, истовремено овозможувајќи витални модификации за да создадеме жив и функционален трет простор. Препознавањето на различните потреби на посетителите и станарите на зградата доведе до органско разграничување на просторот“, велат архитектите.