Насловна / Арт и дизајн / Облека од бреза за Божиќ

Облека од бреза за Божиќ

На една неодамнешна државна гала вечера, првата дама на Финска носеше фустан од бреза. Немаше ништо случајно во врска со нејзиниот избор – тоа беше знак за поддршка на новата технологија која може да ја намали штетата врз животната средина предизвикана од модната индустрија.

Фустанот што го носи Yeny Hawkio, поетесата и сопругата на претседателот на Финска, беше создаден од научници на финскиот универзитет Алто, преку технологија наречена Ioncell. Научниците велат дека процесот е повеќе еколошки и користи дрво што инаку би се потрошило. Во шумите во источна Финска, некои дрвја се отстранети за да се ослободи простор за другите, а овие мали брези сега стануваат извор на облека.

zx860y484_3364506

Модната индустрија е извор на 10 отсто од светскиот јаглерод и користи речиси 70 милиони барели нафта секоја година за изработка на полиестерски влакна, чие разградување може да потрае повеќе од 200 години.

Пластичните микрофибри од синтетичката облека се дел од проблемот, поврзан со материјалите кои ги загадуваат светските океани. Активистите повикуваат луѓето да купуваат нова облека поретко, но промената во однесувањето на потрошувачите е тешко кога модните компании промовираат нови линии секоја сезона.

Изработка на облека од одржливи материјали може да биде пореалистична алтернатива. Финската прва дама не е првата позната личност која носела облека направена по технологијата Ioncell. Францускиот претседател Емануел Макрон беше со шал од рециклирани фармерки за време на посетата во Финска во август.

Испрати коментар

Scroll To Top