Највисоката зграда во светот се наоѓа во Дубаи, сместена помеѓу подеднакво импресивните облакодери што го исполнуваат урбаниот пејзаж на Обединетите Арапски Емирати.
Фотографот Daniel Cheong, како жител на овој мегаград, предизвикан од височината на објектите и ограничените климатски можности, се искачува на високи точки и успева да ги документира најдраматичните слики над градот. Со мешање на различни дигитални техники и употреба на надреалното или хиперреалното, успева да го достигне врвот во динамичниот опсег.