„Architects Declare“ објави отворено писмо до “Советот за високоградба и урбани живеалишта” (CTBUH), во кое се утврдува ставот на здружението за штетните влијанија на облакодерите во градовите. Во писмото, објавено на веб-страницата на Architects Declare, првично испратено до CTBUH, од каде не добиле никаков одговор се вели:
„Доказите одат во полза на тезата дека високите згради ги попречуваат, наместо да се согласност со нашите напори да се справиме со клучните предизвици на климатските промени, исцрпувањето на ресурсите и дизбалансот на биодиверзитетот“, се вели во писмото. „ Architects Declare го повикува “Советот за високоградба и урбани живеалишта” (CTBUH) да го трансформира својот регистар на „Највисоките згради во светот“ и да го пренасочи својот фокус кон мерки и проекти, кои го охрабруваат справувањето со критичните еколошки предизвици во урбаните средини“.
„Неизбежниот факт е дека, во однос на ефикасноста на ресурсите, отелотворениот јаглерод во нивната конструкција и потрошувачката на енергија при употреба, облакодерите се своевиден апсурд “, се вели во писмото. „Количината на челик потребна за да се спротивстави на јачината на ветровите, енергијата потребна за испумпување вода на стотици метри над земјата ги прави еден од најнеефикасните типологии на објекти во поново време“.
„Исто така, облакодерите дополнително нè одвојуваат од било каква значајна врска со природниот свет и ја дестимулираат социјалната компонента меѓу корисниците “, се додава во писмото. „Во ситуација на висина од повеќе од десет ката, балконите не се опција, па станбените единици се херметички затворени – и што е можно поизолирани од природата“.
Во писмото се тврди дека регистарот на облакодерите на CTBUH, кој го води од 1980-тите, е целосно во спротивност од концептот на одржливи градови и никако не допринесува кон решавањето на светската вонредна состојба“. Писмото ги поткрепува своите тврдења цитирајќи го истражувањето спроведено од Универзитетскиот колеџ во Лондон, кое покажа дека високите станбени кули се неодржливи наспроти густото ниско урбано ткаење во однос на употребата на електрична енергија, густината и штетните емисии на јаглерод. Architects Declare меѓудругото ја цитираат и студијата на инженерот Тим Снелсон каде се докажува дека типичен облакодер има барем двојно поголем јаглероден отпечаток од десеткатна зграда со иста површина.”
Во повикот до CTBUH да го промени својот фокус од „облакодерите“ во „урбани живеалишта“, писмото укажува на придобивките од компактните градови како Барселона и Париз, за кои Architects Declare предлагаат да постигнат „адекватна густина“. Се со цел, да бидат доволно компактни за да се приспособат на зголемениот тренд на урбана популација, но не по цена на намалување на зелениот фонд или да се спречи директната сончева светлина на јавните површини.
„Во некоја не толку далечна историја, облакодерите означуваа симболи на напредок. За сè поголем број луѓе тие сега претставуваат екстравагантни статусни симболи и расипнички начин за натпревар помеѓу богатите и супербогатите за да инвестираат се повеќе во недвижнини“. „За оние кои сè уште би можеле да тврдат дека облакодерите се симболи на напредок, доказите се јасни дека тие сега претставуваат напредок кон општествен колапс“, се заклучува во писмото.