Истражувачката лабораторија ZUMO од Барселона, со помош на вештачката интелигенција Midjourney, дизјанира огромни облакодери на надувување. Имено, веќе е направена серија вакви облакодери кои го менуваат пејсажот на Париз, Њујорк, Лондон, Токио, Дубаи и други големи градови. Midjourney ги прикажа овие облакодери од лесни и флексибилни материјали кои потсетуваат на гигантски балони. Тие би можеле да се прилагодат на потребите на динамичниот начин на живот и да станат дел од иднината. Одржливи се, користат обновливи извори на енергија, имаат намален јаглеродни отпечаток и го покажуваат патот кон зелена градба.
Со помош на силата на воздухот, овие облакодери достигнуваат огромни височини, но можат и да се издишат заради дислоцирање. Токму благодарение на таа можност, односно на едноставното пренесување и поставување, тие можат да одговорат на разни предизвици на урбаните средини. Имаат модуларен и разновиден дизајн, па можат да послужат како простор за одржување на настани или привремено засолниште во итни ситуации. Со ваквите проекти ZUMO сака да направи надреален концепт кој ги обединува одржливите иновации и монументалната архитектура.