Меѓу најголемите недостатоци на облакодерите е константното блокирање на сончевата светлина во јавниот простор неподредно до нив, со што го влошуваат квалитетот на урбаното живеење. Сегашните облакодери формираат сенки кои на зајдисонце достигнуваат до половина милја. Компанијата NBBJ работи на проект кој ќе овозможи минимизирање на сенката (до 60%) која ја генерираат облакодерите и повеќе природна светлина.
Фокусот на проектот е „подобрување на квалитетот на урбаната средина и пронаоѓање начин за изградба на облакодери без да се изгуби природната светлина во непосредната околина“.
Се работи всушност за проектирање на пар од облакодери кои се комплементани еден на друг со својата ориентација и форма, на начин што преку компјутерски симулации се бараат оптималните параметри кои ќе овозможат максимална природна светлина во просторот под зградите.
Се предлага облакодерите проектирани од оваа компанија да бидат изградени во Гринич во југоисточниот дел на Лондон.