Британското биро Zaha Hadid Architects објави нови фотографии од работите на облакодерот на Централната банка на Ирак, кои се при крај на брегот на реката Тигар во Багдад.
Проектот е порачан во далечната 2010 година и е проектран од основачот на ZHA, Заха Хадид и соработникот Патрик Шумахер.
Како што е познато, прославената ирачка архитектица, роден во 1950 година во Багдад, почина во 2016 година. Ова е еден од последните проекти што ги потпишала и се наоѓа токму во нејзиниот роден град.
Убаво е да се види дека, сега највисоката зграда во главниот град на Ирак, ја достигнала својата целосна висина и изгледа, судејќи според рендерите, токму како што таа ја замислила.
Структурен скелет составен од бранови
Зградата висока 170 метри е поставена на масивен „постамент“ и зафаќа цел блок покрај реката. Кулата се издига од масивна двокатна база, зградата е најтесна при базата и како се издига станува поширока.
Објектот е како структурен скелет составен од бранови кои формираат обрасци на отворени и затворени елементи.
Конструкцијата е проектирана да ја „имитира светлината што се рефлектира од брановите“ на блиската река, објаснува бирото.
Според зборовите на архитектите, банката ќе има голем атриум кој ќе обезбеди проток на природна светлина во објектот, но и ќе го отвори внатрешниот простор кон реката.
Исто така, отворите во поширокиот среден дел на објектот ќе овозможат широки погледи на градот.
Основата, односно „постаментот“ на зградата има динамичен дизајн сличен на кулата и ќе содржи низа уредени тераси и градини, кои имаат за цел да го поврзат објектот со околината.
Втората највисока зграда во Ирак
Иако објектот се уште е во фаза на изградба, кулата сега е највисоката зграда во Багдад и втората највисока зграда во Ирак.
Кога ќе биде отворена, зградата ќе понуди дури 90.000 квадратни метри корисен внатрешен простор.
Според бирото, проектот на седиштето ги одразува основните вредности на оваа институција како што се „отпорност, стабилност и одржливост“.