Високиот облакодер од Њујорк, One Vanderbilt доби стаклен лифт со поглед на висина од дури 369 метри.
Архитектонската фирма Kohn Pedersen Fox, која го потпишува проектот на објектот, дизајнираше и стаклен лифт кој нема да биде наменет за оние со послабо срце.
Атракцијата е поделена на три дела, кои се именувани Искачување, Лебдење и Врв, пишува Dezeen. Искачувањето е со стаклен лифт со проѕирен под, кој ги пренесува посетителите на висина од 369 метри.
Стаклените кутии што се дел од атракцијата наречена Лебдење ќе бидат лоцирани на надворешната страна на фасадата на зградата, овозможувајќи им на гостите да го погледнат градот од висина од 324 метри.
Погледот наречен Врв ќе има високи стаклени sидови, кои исто така овозможуваат панорамски поглед, а во рамките на овој простор ќе има и бар на отворено.
Атракцијата One Vanderbilt One Vanderbilt ќе опфати вкупно 6.038 квадратни метри на четири ката.
“Создадовме дестинација која нуди интерактивно искуство кое ќе се памети цел живот, со најдобар поглед на целиот Њујорк“, изјави извршниот директор на SL Green Realty, Марк Холидеј.
One Vanderbilt, кој беше отворен во 2020 година, е четвртиот највисок облакодер во Њујорк. Архитектонското студио Сномета беше задолжено за проектот за внатрешни работи, а атракцијата One Vanderbilt One Vanderbilt ќе биде отворена за јавноста на 21 октомври 2021 година.