Насловна / Архитектура / Облакодер висок 2km: Дали Ријад ќе ја добие највисоката зграда во светот?

Облакодер висок 2km: Дали Ријад ќе ја добие највисоката зграда во светот?

Британското архитектонско студио Foster + Partners, задолжено е за проектирање на облакодер со височина од 2km во Ријад, Саудиска Арабија. Доколку проектот се реализира, тоа ќе биде највисоката зграда на светот, односно двојно повисока од Бурџ Калифа во Дубаи. Планираната локација е во непосредна близина на меѓународниот аеродром.

1_10

Проектот претставува втор значен обид на Саудиска Арабија да изгради највисока зграда во светот, откако е започната изградбата на Jeddah Tower, висока 1000 метри, проект на компанијата Adrian Smith + Gill Gordon Architecture, во Џеда. Првите визуелизации на идната кула се објавени во 2011 година, а градбата започна во 2013. Но, проектот е ставен на пауза и продолжи минатата година.

1_11

 

Испрати коментар

Scroll To Top