Насловна / Архитектура / Облакодер со десет ката во злато

Облакодер со десет ката во злато

Најчудни градби на светот / Кула „Еурека“, Австралија
1
Кулата „Еурека“ во Мелбурн, Австралија, е вистинско ремек-дело. Била завршена во рекордно време за само четири години. Изградбата почнала во август 2002 година, а била завршена на 1 јуни 2006 година. Официјалното отворање се случило пет месеци подоцна, и била прогласена за највисока резидентна кула на светот.

2Облакодерот е дизајниран од архитектонското студио „Фендер Касалидис Архитектс“, а бил изграден од компанијата „Грокон“ од Австралија. Дизајнер на објектот е Нонда Касалидис од споменатото студио. Од декември 2013 година, таа е на 14. место на листата на најголеми резидентни облакодери на земјата, а на 98. место воопшто кога станува збор за облакодери. Кулата има еден вид златна покривка, што според архитектите ја претставува трката по злато, која била актуелна во минатото, а на некој начин се повторува и денес. Исто така, низ телото на кулата доминираат црвени линии кои асоцираат на крвта што е пролеана во таа потрага. Целиот скелет на зградата, ако така може да се каже, е обложен со сино стакло, кое асоцира на знамето на Австралија, а белите линии ги претставуваат белите ѕвезди од националниот симбол, но во исто време има сличност и со официјалните бои на фирмата „Еурека“.

4Кулата е висока 297 метри и има 91 кат, и еден подземен кат. Таа е една од седумте облакодери изградени во светот со повеќе од 90 катови, а во Австралија, на континентот, го држи второто место по височина. Според статистиката, кулата „Еурека“ има 556 апартмани, 13 лифтови кои патуваат со 9 метри во секунда, 52.000 м² стакло на прозорците како и 3.680 скали. Во конструкцијата на овој фантастичен облакодер биле употребени 110.000 тони цемент и 5.000 тони зајакнат челик. Според пресметките, облакодерот тежи околу 200.000 тони.

35На 88-от кат има дек или платформа за набљудување, вклучително и ресторан, соба за комуникациска технологија, а целиот водоводен систем е сместен на 90-от кат. Во него има 300.000 литри вода, кои се поделени во два големи резервоари и кои служат за баланс во случај на силни ветрови. На тој кат, постои и еден сегмент кој се вика „тераса“, а кој го има и во Чикаго. Се однесува на стаклена испакнатина во телото на облакодерот, на чиј стаклен под може да се стои и да се гледа директно кон земјата. Оваа „тераса“ се наоѓа на височина од 285 метри и била отворена на 15 мај 2007 година. На крајот, важно е да се напомене дека сегментот од 10 катови, кој е на врвот на облакодерот, а кој изгледа како капа, има златна боја. Но, не затоа што е обоен со таков примерок на боја, туку затоа што 99 проценти е користено 24-каратно злато. Тоа било поставено во март 2006 година.

Испрати коментар

Scroll To Top