Насловна / Архитектура / Облакодер на Zaha Hadid Architects ќе биде симбол на ски центарот Неом во Саудиска Арабија (ВИДЕО)

Облакодер на Zaha Hadid Architects ќе биде симбол на ски центарот Неом во Саудиска Арабија (ВИДЕО)

Zaha Hadid Architects неодамна ги открија плановите за впечатлив облакодер висок 330 метри, кој треба да стане составен дел на ски центарот Тројена во Саудиска Арабија, официјалното место за Зимските азиски игри во 2029 година.

Облакодерот ќе се гради во рамките на Неом, контроверзната футуристичка метропола чија изградба е во тек.

3

Скијање на отворено во текот на целата година

Се планира облакодерот да стане препознатлив симбол на Тројена, еден од неколкуте планирани развојни региони на Неом, сместен на 50 километри од заливот Акаба во планините на Саудиска Арабија и осмислен како туристичка дестинација која нуди разновидни искуства.

Новиот облакодер налик на кристал ќе биде лоциран на планина со поглед на централно вештачко езеро, бидејќи се планира да стане интегрален елемент на Тројена, најавена како прва локација во Саудиска Арабија каде што ќе може да се скија на отворено и тоа во текот на целата година.

1

Неом објави нов сет на рендери на облакодерот за да го илустрира неговиот кристален дизајн, креиран од мноштво столбови кои се стеснуваат кон врвот.

Иако сè уште не се откриени прецизни детали за функциите на објектот, се очекува дека во кулата ќе бидат сместени малопродажни места, ресторани, изложбени простори и палуби за набљудување од различни висини, додека облакодерот се очекува да биде поврзан со жичара со останатите содржини на езерото, пишува Dezeen.

2

Видиковец покрај облакодерот

Кулата проектирана од ZHA наречена е Discovery Tower и ќе се наоѓа во т.н.Discovery кластер, што според наводите од Неом, ќе и обезбеди „богата платформа за револуционерни уметнички содржини и искуства, кои ќе бидат преполни со технологија“.

Овој проект го следи и музеј на отворено, чија изградба е планирана во непосредна близина, а ZHA го претстави и дизајнот на друга структура што ја проектираат внатре во Тројена, видиковец кој се наоѓа веднаш покрај облакодерот.

6

Планирано е објектот наречен Mountain Observatory да биде лоциран во подножјето на планината која исто така гледа на вештачкото езеро. Рендерите го открија дизајнот на структурата со неколку платформи на отворено.

Третиот објект планиран за Discovery кластерот е Cosmic Gate, камп за набљудување на ѕвезди, кој ќе биде и астрономски парк, како што е претставено на веб-страницата на Неом.

Повеќе од 60.000 работници на терен

И покрај скептицизмот изразен од професијата, изградбата на Неом e во тек. Врз основа на новото видео, објавено на 11. октомври, може да се каже дека е постигнат значителен напредок во однос на состојбата прикажана во претходните видеа, претставени во јавноста во јануари оваа година.

7

Новото видео открива брз напредок во клучните делови, имено во регионите The Line, Oxagon, Sindalah и Trojena. Проектот е овозможен со значителни инвестиции и поддржан од водечки партнери на пазарот од повеќе од 90 земји.

Повеќе од 60.000 работници моментално се на терен, а снимките откриваат дека големите инфраструктурни проекти, како патишта, комунални системи и болници, се значително изградeни.

4

Покрај развојот на  локациите The Line, „Oxagon, Sindalah и „Troјena, најновото видео ги прикажува и плановите за развој на пристаништето, кое ќе содржи напреден терминал за контејнери, кој е планирано да биде завршен во 2025 година, а што претставува значајна надградба на терминалот што веќе е во функција.

5

Покрај тоа, на самиот крај од клипот, на гледачите им се нуди и увид во изградбата на најголемата фабрика за зелен водород во светот, која треба да започне со работа во 2026 година, а ќе функционира во рамките на Neom Green Hydrogen Company, заедничко претпријатие на компаниите Air Products и Acwa Power.

Дополнителните функции и програми споменати во видеото за напредокот, го вклучуваат новиот поглед на Неом на општествената и јавната инфраструктура, фокусирајќи се на неговите меѓународни стандарди во однос на даноците, регулаторната средина и комерцијалното право.

Испрати коментар

Scroll To Top