На овогодишното издание на Меѓународниот саем на мебел во Милано, брендот „Луј Витон“ покани девет познати дизајнери за да ја креираат познатата колекција Objets Nomades за 2015 година.
Оваа колекција инспирирана од патувањата, главно е направена од познатата Луј Витон – Nomade кожа, а претставува парчиња кои се дизајнирани со исклучителен стил и луксуз.
Дизајнерите што учествувале во овој проект се Patricia Urquiola, Atelier Oi, Barber & Osgerby, Nendo, Campana Brothers, Gwenaël Nicolas, Raw Edges, Damien Langlois-Meurinne и Maarten Baas. Колекцијата има 16 парчиња и се состои од висечки столици, ламби и компактен мебел, па дури и декоративни елементи направени од школки и животински коски.
„Ние сме модна куќа која е инспирирана од дизајнот, но не сакаме да бидеме дизајнери на мебел. Се чувствуваме како гости кои се поканети да го посетат Salone del Mobile. Сите креации на дизајнерите се резултат на комплетната слобода што тие ја имале во нивното осмислување“, изјавил претседателот и извршен директор на брендот „Луј Витон“, Мишел Бурк.