Општина Центар вчера ги урна дивите тераси (објекти) на кафеаните на улицата „Аминта Трети“ (Ленинова) во Дебар Маало.
Урбана опрема!?
Се уриваа тераси на кафани кои се цврста градба односно се затворени со врати,прозорци и настрешници со еден збор кажано објекти. Досегашното искуство не учи дека терасите често постапно преминуваат во тераси со столбови, затворени со настрешници и најлон кеси. Следната фаза е затворени со стаклени портали, ѕидани парапети, па и цели ѕидови. И така јавниот простор од отврена тераса за времена употреба во дозволениот летен период, преминува во приватна сопственост и станува дел од објект за кој се бара и легализација со Законот за бесправно изградени објекти, неколку пати досега пролонгиран.
Урбана опрема!?
Сопствениците на кафулињата се жалат, велат дека имаат одобрение за поставувањето на урбаната опрема, издадено во април оваа година и плаќаат комунална такса за користење на просторот пред локалот. Но една работа забораваат, треба и сопствениците и властите да прават разлика што е тераса, што е урбана опрена, а што објект изграден на узурпирана јавна површина.
Урбана опрема!?
Акцијата на општина Центар за справување со диво поставената урбана опрема, односно терасите пред угостителските објекти, поточно објектите, ќе продолжи и во наредниот период, со цел ослободување и нормализирање на сообраќајот и пешачкото движење на целата територија на општината.
SE nadevam deka opstina Centar ke prodolzi so neselektivno “cistenje” na site anomalii vo urbanizmot i osobeno vo rascistuvanjeto na trotoarire za slobodno dvizenje na pesacite i velosipedistite. Ova treba da bide i ubav primer za ostanatite “pospani” gradonacalnici.
I na gostilnicaKA na.ul teodosie gologanov, nema shansa da se pomine so bebeshka kolichka. A nie peshacite se protnuvame nekako pomeegu drvoto i negovata zatvorena terasa, ili dole od trotoarot na ulica.