Лондонското архитектонско биро Featherstone Young неодамна ја претстави куќата наречена Stonecrop, која ја карактеризира зелен кров.
Оваа скулптурална градба во Ратленд, Англија е пример како архитектурата може да помогне во подигнување на интересот за руралните заедници, кој ширум светот се намалува.
Објектот кој има две крила поврзан е со опкружувањето како визуелно, така и конструктивно, преку зелениот кров кој под нагиб се спушта до земја. Едното крило содржи простории за сопственикот на куќата, а другото е наменето за гости.
За да се намали влијанието на околината, при изградбата е користен локален варовник, а изворите на енергија воглавном се соларни.
Подрачје под заштита
Изградбата на куќата во старт се судрила со потешкотии. Инвеститорот барал од бирото Featherstone Young, да му испроектираат куќа на самиот обод на селото, во подрачје кое е под заштита. Институционално се судриле се потешкотии со локалната управа за планирање.
За да ги исполнат поставените услови, архитектите направиле проект во две фази, кои како резултат дале одржлив дом од 347 квадратни метри, што воедно покажува дека и новата градба може да го заштити и подобри своето рурално опкружување.
„Објекти како овој им помагаат на селата да останат компактни и јасни, а воедно и го спречуваат вообичаениот развиток на станбената изградба, кава можеме да видиме по селата“, вели Sarah Featherstone, архитекта и коосновач на Featherstone Young.
Штедење енергија
Таа објаснува дека компактен и добро осмислен објект како овој, кој го карактеризира организацијата низ две поврзани крила, помага на понатамошниот одржлив развој на селото. Исто така, објектот со две крила им помага на сопствениците да заштедат енергија. Кога сопствениците немаат гости, можат да го греат само едното крило во кое престојуваат.
Главното крило е дефинирано со тампон ѕид, кои пружа топлина и звучна изолација. Двете крила заедно го „обвиткуваат“ централниот двор, што придонесува на подобро природно осветлување и вентилација, пишува Inhabitat.
Големите застаклени делови на фасадата пружаат поглед на градината и околната природа, а палетата од природни материјали во внатрешноста дополнително го поврзуваат ентериерот со опкружувањето.