Насловна / Архитектура / Објект во вид на голема градина кој се вклопува во природно опкружување

Објект во вид на голема градина кој се вклопува во природно опкружување

Проектирањето на оваа куќа започнало на самата локација. Главната идеја на архитектите била на врвот на оваа падина да се изгради објект кој ќе изгледа како една голема градина, т.е. објект кој нема да го наруши овој прекрасен пејзаж и истиот да претставува визуелен мост кој се поврзува со падините на долината.

mpgaa

Овој објект се наоѓа во Сао Паоло, Бразил и е дело на архитектонскиот тим на MPGARQUITETURA и истиот е изграден во 2013 година.

mpgaa

Долгата зелена плоча која претставува и кров на куќата, исто така го опфаќа и просторот пред влезната партија на куќата, каде може да се пристапи со автомобил.

mpgaa

Интересно е да се напомене дека влезот во оваа куќа е на горното ниво, каде се сместени и поинтимните простории како спални соби, бањи и слично, а со еднокраки скали се пристапува до централниот дел на куќата кој е наменет за седеже и централно собирање на сите членови на семејството покрај огништето.

mpgaa

Овој централен простор е двовисински и со овој потег на истиот му се дава и поголемо значење. Освен овој седечки дел, предвидени се на ова, долно ниво и кујната, трпезаријата, простор за гледање телевизија, затворена кујна која секојдневно функционира, како и сет на простории за послугата во домот.

mpgaa

Пред овој јавен дел од куќата на долното ниво се јавува и пространа тераса од која се пружа одличен поглед кон падините на оваа долина.

mpgaa

mpgaa

mpgaa

Испрати коментар

Scroll To Top