Просториите на компанијата Impact Hub во Белград се создадени преку адаптација и реновирање на внатрешниот простор на сала за настани која претоходно била седиште на Здружението на државни службеници, изградена првпат во 1929 година од архитектот Димитриј М. Леко. Овој објект се смета за културно наследство во Србија, со што се потврдува неговата исклучителна вредност од уметничко, културно и социјално значење. Поради овие карактеристики од есенцијално значење е да се задржат автентичните елементи на ентериерот.
Главната сала е на два ката, поделена на три патеки со колонади и покриена со свод. Со оглед на функционалните барања, просторот бил реорганизиран така што на пониското ниво се сместени четири канцеларии и две сали за состаноци, две кабини за Skype, кујна и тоалети. Челична рамка се протега околу страничните и централните галерии и скалите, формирајќи соодветен работен простор и сала за состаноци. На најгорното ниво се наоѓа тераса која во летниот период служи како простор за социјализација.
Главната идеја на проектот е да се направи контраст помеѓу старото и новото, и поради тоа дел од елементите како што се врати, прозорци, дрвени панели, оградата од галеријата и декоративната пластика на столбовите датираат од 1929 година. Како контраст на тоа, скалите се изработени од мермер и дрво.