Насловна / Архитектура / Објект со волшебни глетки на плантажа со хризантеми во Кина

Објект со волшебни глетки на плантажа со хризантеми во Кина

Библиотеката се наоѓа на огромна плантажа со хризантеми во подножјето на планината Yuntai, Кина. Архитектотите од бирото ATELIER XI проектирале мултифункционален објект со површина од 316 квадратни метри корисен за заедницата. Објектот има различни содржини како простори за дегустација на чај од хризантема, читање книги, мали музички изведби, работилници за земјоделско образование и складирање на земјоделски алатки.

1 2

За да се избегне наметнување на една голема зграда на пејзажот на цветното поле, архитектите ги поделиле функциите на пет дисперзирани мали кубични волумени. Овие меѓусебно поврзани, но релативно приватни волумени не само што спречуваат мешање меѓу различни функции, туку и нудат непречен поглед на пејзажот од различни правци додека се домаќини на различни видови активности.

16

Архитектурата, составена од различни поединечни целини, наликува на минијатурно село. Надворешноста на секоја единица црпи инспирација од силуетата на локалните селски куќи со коси кровови, како традиционален архитектонски елемент во областа. Со влезни тавани ориентирани во различни насоки, библиотеката целосно ги доловува волшебните глетки од сите страни на полето со цвеќиња.

3 15

Циклусите на раст на околните култури создаваат променлива временска скала со наизменични годишни времиња. Петте единици свртени кон различни насоки ја доловуваат динамичната презентација на светлината во текот на денот, претворајќи го архитектонскиот простор во ниво што ги следи нијансите на времето низ безграничната дивина.

17 13

Надворешноста на објектот е во бела боја, формирајќи минималистички и скулпторски волумен. Внатрешноста е составена од низа меѓусебно поврзани, закривени дрвени простори. Пет закривени дрвени ѕидови во секоја единица ги дефинираат областите помеѓу јавното и приватното, сервисните и услужните намени.

4

Овие ѕидови се обвиткани во дрво од локално потекло, создавајќи топла боја и текстура која одекнува со нежните квалитети на ледените хризантеми. Целокупната архитектура дефинирана е од локалните услови. Одделени, но поврзани, просторите пружаат флексибилност за мир и осаменост или групни собири.

8 6

Напнатоста помеѓу меката внатрешност на зградата и нејзината аголна надворешност носи карактеристичен искуствен квалитет кој се менува од ден во ноќ: при дневна светлина, белите ѕидови на фронтон евоцираат слика на северна селска населба. Во текот на ноќта, силуетата се раствора во темнината, нагласувајќи го мекиот внатрешен простор и нудејќи топлина како од сон.

14 9 10 11 12

Испрати коментар

Scroll To Top