Насловна / Архитектура / Објект со хибридна намена

Објект со хибридна намена

Објектот „Центар за промоција и продажба на земјоделски производи со администрација“ во склоп на индустрискиот коплекс за производство на вино во Индустриска зона Демир Капија КО Демир Капија, e објект со хибридна намена, кој со својата програмска и обликувана артикулација ги обединува различните намени кои се застапени во него.vinski-kompleks-9

Во сутеренот на објектот е предвиден барик за чување на вино,  ресторан со сопствена кујна и санитарии. Приземјето на објектот е предвидено за одржување на презентации, промоции и продажба – оваа содржина зафаќа најголем дел од приземјето. На ова ниво се наоѓа главниот влезен хол, кој е истовремено и главна вертикална комуникација во објектот.

На приземјето е предвидено отворено плато кое е ориентирано кон целиот комплекс. До сутеренот се пристапува преку лифт и преку два пара скали – едни полукружни кои се спуштаат од влезниот хол на приземје директно во ресторанот, и двокраки скали кои водат од салата за презентации во барикот.vinski-kompleks-8

Првиот кат на објектот е наменет за административни содржини. Овде се предвидени: рецепција, две сали за состаноци, три канцеларии, една океанска канцеларија, канцеларија за раководство и санитарии. До катот се доаѓа преку полукружните скали од влезниот хол. Овие скали продолжуваат и до вториот кат, каде е сместен единствено просторот за дегустација на вино. Преку челична куполна конструкција, целосно застаклена, се овозможуваат погледи на целиот комплекс, со што ова ниво функционира на еден начин како видиковец.situacijamap

Ваквата концепција на објектот во целост ги исполнува програмските барања и истовремено ги обединува квалитетите на различните содржини во единствен објект со хибридна намена.osnova-na-vtor-kat presek-2-2 presek-1-1

Содржината на објектот е следната:

А – Во сутеренот се наоѓа барик, ресторан со кујна,  два магацини и санитарии.

Б – На приземје е главниот влезен хол, сала за презентации и промоција на земјоделски производи, како и санитарии.vinski-kompleks-4 vinski-kompleks-3 vinski-kompleks-2

В – Првиот кат е целосно застапен со административни содржини. Овде има две сали за состаноци, три канцеларии, една океанска канцеларија, една канцеларија за раководство и рецепција.

Г – На вториот кат се наоѓа салата за дегустација на вино.vinski-kompleks-7 vinski-kompleks-6 vinski-kompleks-5

Подготви: Проектанско биро „Атриум“, Штип

Испрати коментар

Scroll To Top