Насловна / Архитектура / Најубавата градинка во Македонија – објект реализиран со љубов кон децата

Најубавата градинка во Македонија – објект реализиран со љубов кон децата

Наредните страници ќе Ви посакаат добредојде во најубавата градинка во Македонија. Можеби звучи претенциозно, но од почетокот на градењето општина Центар си ја даде токму таа задача.Otvoranje-gradinka---Koco-Racin-(3)

Градинката „Кочо Рацин“ да биде втор дом за нашите деца. Замислена како топло, убаво, функционално место, за кое е одбран најубав мебел за децата, направени се оптимални услови за престој, децата да можат да се забавуваат, да учат, да се хранат здраво, да ги стекнуваат своите основни навики. Ќе престојуваат во светли соби, ќе имаат занимални на отворено, со двор во зеленило далеку од градската бучава и загадување._DSC1535

Истражувањата поврзани со детскиот развој, потврдуваат дека искуството со кое децата се соочуваат во раното детство е критичниот момент за долготраен успех во животот. Затоа општината презеде одговорност за обезбедување севкупен амбиент за градење вештини со кои тие полесно ќе се адаптираат во своето опкружување.

Денес, повеќе од кога и да е, воспитувачите пред себе имаат особен предизвик да ги подготват децата за соочување со светот полн со предизвици. Наша задача е да им овозможиме учењето и играта да им бидат движечки сили, за брз развој и убаво детство.

_DSC1571

За успешен социо-емоционален развој, најголемо значење има поддршката од возрасните. Крајниот производ претставува објект со долговечност и оригиналност во изведбата, единствен од ваков карактер на нашите простори. Објект реализиран со внимателно планирање, врвни материјали, целосна посветеност на стручните лица и, пред сè, голема љубов кон идните корисници._DSC1557

Градинката „Кочо Рацин“ е целосно новоизграден објект, со трипати поголеми димензии од старата градба која се наоѓаше на истата локација. Проектант на објектот е фирмата „Мегарон Инженеринг“ ДОО Скопје.gradinka4

Таа претставува комбинирана детска установа, чија големина и услови овозможуваат комфорно сместување и грижа за околу 250 деца, сместени во осум групи и три јасли. Во неа децата ќе добијат максимално безбеден и забавен простор. Направен е напор материјалите вградени во објектот, преку изборот на нивните карактеристики, структура и соодветни бои, да создадат здрава средина и пријатна атмосфера._DSC1556

Распоредот на просториите е направен со цел да биде максимално искористен. Одделени по возрасни групи, има заеднички простории, простории за комуникација, простории за стручен кадар, административни простории и економско-технички простор. Организацијата на просториите исто така е приспособена за најмладите и дозволува непречено изведување на активностите._DSC1561

Надвор од објектот се наоѓаат дворот и игралиштето, конструирани функционално и естетски, со цел да им овозможи на децата безбеден и пријатен простор на отворено. Дворот е сончев и сместен во зеленило, заштитен од бучава, атмосферски влијанија и далеку од сообраќајниците. Занималните се опремени со мебел според високо поставените стандарди за детска заштита, изработен од висококвалитетни материјали._DSC1545

Плакарите, полиците, масичките и столчињата, со внимание се одбрани во живи бои, изработени со детали и фигури кои на детето ќе му асоцираат на домашна атмосфера во која ќе се чувствува пријатно. Централниот хол, кој е наменет за заеднички приредби и прослави, има трибина, гледалиште и централен простор. Во негов склоп се наоѓа и просторија за организација на настаните, зад која има простор за воспитувачите и негувателките со гардероби и санитарии._DSC1552

Карактеристики на објектот

Конструкцијата е изведена од комбиниран систем од челик и бетон, casino online а сите вградени градежни материјали и инсталации се со врвен квалитет, што дава поголема сигурност на објектот, негова долготрајност и максимално искористување на просторот. Задоволени се  стандардите за противпожарна безбедност. Има топлотна и звучна изолација, заштита од влага и енергетска ефикасност. Покривот е со гарантирана противпожарност од 180 минути. Тројната изолација на објектот овозможува одржување на идеална температура без клима уреди._DSC1570

Во целиот објект има топловодно подно греење, автоматски регулирано со сензори, кое обезбедува константна и разновидна температура за попријатен престој на децата. Во сите занимални и јасли, поставен е електронски регулатор за топлина, кој овозможува температурата да се регулира различно, во зависност од потребите на децата.slika 11IMG_3283

Подготвителни работи – Стариот објект, кој беше на површина од 828 квадратни метри и кој содржеше радиоактивни градежни материјали, е целосно отстранет, а на негово место е проектиран објект од 2.800 метри квадратни, со цел најмладите да добијат што покорисен простор.

Земјени работи – Досегашните неповолности на теренот и влијанието на подземните води се сведени на минимум преку комплетна замена на глинестото земјиште со набиени тампонски слоеви, потврдени од сертифицирани институти и лабаратории.

Бетонски и армирано-бетонски работи – Цврстата основа на објектот е осигурана преку темелењето со стопи и затеги, а високиот степен на заштита од атмосферски влијанија е постигнат преку квалитетна изолација, поставена меѓу две бетонски плочи.

 Челична конструкција – Со цел да се овозможи поголема сигурност и максимално искористување на објектот, целосната конструкција е изведена во систем на челични рамови.

Термички хидроизолаторски работи – За дополнителна изолација и одржување на идеална температура без загуба на топлинска енергија, поставен е втор слој на хидроизолација на подната плоча, а над него е монтиран системот за топловодно подно греење.

Браварски и столарски работи – Фасадната столарија е опремена со трослојни UV рефлектирачки стакло пакети, со што се создава одлична звучна изолација, а како безбедносна мерка се изведени противпожарни врати според ПП прописите и регулативите.

Гипсени работи Зголемување на безбедноста на децата е овозможена преку користење на трослоен противпожарен гипс, а средината е осигурена со плафоните изведени со комбиниран систем Cleaneo Acustic.

Обработка на ѕидови и плафони – Ѕидовите на занималните се обложени со акустичен хетероген винил, кој освен што ефективно го пригушува звукот, воедно е и долготраен антибактериски и антиалергиски материјал, кој помага во одржувањето на хигиенските стандарди.

Обработка на подови – 95 отсто од површина на градинката е обложена со подови од хетерогена винилна облога, која ги има истите позитивни карактеристики како и ѕидовите. Долготраен антибактериски и антиалергиски материјал кој помага во одржувањето на хигиенските стандарди.slika 16

Покривни и лимарски работи – Врвно изработениот покривен пакет претставува редок исклучително квалитетен панел со гарантирана противпожарност од 180 минути, а за дополнителна заштита е поставен термоакустичен изолациски материјал.

 Фасадни работи – Фасадниот ѕид, покрај максимална термоакустична изолација овозможена од три различни термоакустични материјали, истовремено во целост одговара на намената на објектот и создава весела атмосфера за најмладите со својата шареноликост од бои.slika6

 Дополнителни работи – Имајќи ја сигурноста како приоритет за децата, но и желбата нивниот престој во градинката, покрај безбеден, да биде и забавен, посветено е внимание и на деталите како отворени занимални, патнички лифт и имплементирање на сите норми за пристап на лица со посебни потреби.gradinka5

Кујна – Димензиите и опремата на кујната, што е поврзана со млечната кујна преку лифт, дозволуваат подготвување на 550 оброци по еден интервал, со што се обезбедуваат со храна децата во матичниот објект и во клоновите на градинката.

Просторот на големиот двор е максимално исполнет со зелени површини, а еколошката определба на општината се демонстрира и со фактот што при изградбата на објектот, постоечките дрвја останаа недопрени.

_DSC1539 _DSC1540

За да не се заборави што имаше на местото на кое што се изгради новиот објект на градинката „Кочо Рацин“, еве неколку бројки и факти. Објектот се наоѓаше на површина од 828 квадратни метри, обиколен со руиниран двор, неодржуван и со необновено зеленило, а од детски реквизити имаше само еден ’рѓосан брод. На прв поглед, тоа никако не смеело да биде објект во кој престојуваат деца._DSC1562

Условите во градинката беа очајни, со стари шпорети без еко аспиратор и стари машински инсталации, стари подови од паркет, на повеќе места пропаднат и откорнат, и ѕидови полни со влага. Кујната беше во многу лоша хигиенска состојба, а за запазување на хасап стандардите, воопшто не стануваше збор. Занималните беа на места со влага, а целата градинка беше изградена од азбест-цементни ѕидови, радиоактивни и исклучително штетни по здравјето на децата и вработените. Покривот беше во лоша состојба и на повеќе места прокиснуваше. 130 деца со години користеа застарена опрема и сите активности ги извршуваа во искршен и дотраен мебел. Санитариите беа во лоша состојба, а тоалетите без основни услови, ниту ги задоволуваа основните стандарди. Градинката не беше реновирана од 1964 година. Стариот објект е комплетно отстранет и тогашните 828 метри квадратни станаа 2.800 за новата градинка. Стариот објект засекогаш замина во историјата, отстапувајќи ѝ место на најголемата и најсовремена градинка во нашата земја.gradinka

Кире Секуловски, дипл.инж.град.

Испрати коментар

Scroll To Top