Насловна / Архитектура / Објект од 1923 година со современ дизајн

Објект од 1923 година со современ дизајн

Со реставрирање на овој објект лоциран во Есторил, Португалија, а изграден во 1923 година, архитектот Ricardo Moreno се соочи со една од најтешките задачи, бидејќи требало да го редизајнира својот дом. Главната цел била да се зачуваат надворешните ѕидови и воедно да се создаде чувство на слобода, со оглед на ограничувањата што постоеле претходно во постоечкиот објект.

Кај влезната партија се наоѓа огромен дрвен волумен кој ја дефинира програмата, односно дневниот престој, кујната и домашната канцеларија. Од истиот дрвен волумен се „издлабени“ скалите, со цел да се овозможи пристап до останатите простории од куќата коишто се наоѓаат на горниот кат, односно до приватните простории. Воведувањето на ваквиот тип на ентериер ги дефинира внатрешните простории на куќата и ја истакнува интервенцијата осветлена од прозорците на старата фасада.

куќа-1куќа-4 куќа-14 куќа-21 куќа-22

Оваа задача претставувала предизвик за архитектот, бидејќи прво требало да се разберат техниките и материјалите на времето кога првично е изграден објектот, па потоа да може да се интервенира во него. Надворешните ѕидови, коишто биле изградени од рачно изработена тула и камен, покриени се со малтер кој е измешан со плута, со цел да се подобри термичката изолација, да се приспособи на влажноста во внатрешноста и да им се овозможи на ѕидовите да бидат порозни на водна пареа. Останатиот материјал којшто е употребен, е еколошки, рециклирачки и со ниска потрошувачка на енергија.

куќа-13 куќа-15 куќа-16 куќа-17 куќа-23

Може да се заклучи дека ваквиот начин на пристап во работењето не само што претставува свесен и разумен пристап, туку истовремено внесува програма која го нагласува и подобрува историскиот аспект, овозможувајќи комуникација со новата интервенција.

куќа-3 куќа-5 куќа-9 куќа-20

Испрати коментар

Scroll To Top