Објектот Grade II со локација во Лондон беше купен од страна на англиско семејство, со цел стариот објект од 1877 година да го конзервираат, заштитат и истовремено да го трансформираат во сопствен дом.
Дизајниран е од архитектонското студио Acr Architects кои се погрижија да ги задоволат потребите и барањата на клиентот, вклучувајќи одредени промени во внатрешниот распоред и дел од надворешните завршетоци. Исто така, извршени се промени на лизгачката врата кај кујната, која е висока 5,3 метри, потоа просторијата за дневен престој и трпезаријата, кои се наоѓаат во издолжениот волумен на објектот. Една од главните специфики на овој објект е задржувањето на резервоарот за вода што се наоѓа на кровот и е изработен од леано железо. Во негов склоп се наоѓаат единици со затемнети стакла кои нудат погледи кон градот Лондон.
Објектот има вкупно седум ката. Карактеристично е тоа што се задржани оригиналните скали изработени од камен. Во склоп на објектот се наоѓаат подрумски простории кои се користат за чување на различни видови растенија и простор за вежбање. На останатите катови се распоредени вкупно пет спални соби, а на третиот кат се наоѓа главната спална соба со мезанин и двојна висина на катот.
Издолжувањата на објектот овозможуваат дополнителни простории за живеење и циркулација, со што се комплетира целокупниот дом. Во овој дел поставени се сервисни простории, лифт, утилити и четири бањи сите поврзани со постојниот објект преку лизгачки ѕид-завеси.