Дизајнерското студио Ladies & Gentlemen од Сиетл, кое го основале Dylan Davis i Jean Lee, е познато по тоа што креира квалитетен и оригинален мебел.
Како нивна специфичност се истакнуваат необичното поврзување на различни материјали и функции, а овие висечки столици именувани Ovis сигурно се вистински пример за тоа.
Направени од дрво, метал, кожа и памучно јаже, овие столици ќе им се допаднат на сите оние што во својот животен простор сакаат нешто необично, но употребливо. Столиците доаѓаат во две бои, врвна изработка и висок квалитет.