Европската Комисија со нови конкурси за реализација на Новиот европски план Баухаус (NEB).
Конкурсот за активности за вклучување на граѓените, ги повикува граѓаните да ги утврдат релевантните предизвици на Новиот европски Баухаус во своите градови и да соработуваат на пронаоѓањето на можни решенија. Од проектите се очекува воведување на одржливи навики кај граѓаните преку создавање на нови производи, услуги и решенија, како и поттикнување на граѓаните на активно влијание врз локалните политики кои ќе резултираат со позитивни промени.
Конкурсот за ко-креирање на јавниот простор, ќе препознае инспиративни, естетски привлечни, одржливи и инклузивни проектни предлози, со кои се поттикнува трансформацијата на градовите, периурбани и рурални подрачја, со приближување на поединците и заедниците кон природата, чувство на припадност и решавање на потребите на заедниците за кои е потребно посебно внимание.
Конкурсот за единиците на локалната самоуправа со помалку од 100.000 жители, пружа техничка помош на малите и средните општини кои немаат капацитети и/или доволно ниво на стручност потребна за реализација на своите проектни идеи на NEB. 20 избрани проекти ќе имаат корист од прилагодената поддршка на терен која ја пружаат група од интердисциплинарни експерти.
Рокот за поднесување на понудите е 23-ти мај 2022 година до 17.00 часот.