Насловна / Архитектура / Објавени две книги заедно со изложбата во МоМА за архитектурата во Југославија

Објавени две книги заедно со изложбата во МоМА за архитектурата во Југославија

Заедно со голема изложба во во њујоршката МоМА „Toward a Concrete Utopia: Architecture in Yugoslavia, 1948–1980“ објавени се извонредни, богати илустрирани изданија. Насловот на едното издание е темата на изложбата.

ѕу3

На 200 страници содржани се нови статии, необјавени архивски материјали и фотографии на објектите од Valentin Jeck. Потенцирани се клучните концепти на југословенската архитектура, урбанизмот и општеството, преку исклучителни проекти и клучни фигури во ерата на квалитетното создавање. Изданието претставува пошироко разбирање за повоениот модернизам на глобално ниво на архитектурата.
Автори на книгата се Мартино Стиерли и Владимир Кулиќ, со текстови на Тамара Бјажић Кларен, Владимир Десков, Ендру Хершер, Сања Хорватичиќ, Теодосис Исаиас, Ана Ивановска Дескова, Јован Ивановски, Јелица Јовановиќ, Ана Кац, Јулија Кинчин, Мартина Малешиќ, Марое Мрдуљаш, Арбер Садики, Лука Сконси, Лукаш Станек, Метју Ворсник, Мејрема Затриќ.

mom2
Другото издание посветено на Богдан Богдадновиќ насловено е „Југословенските споменици низ очите на нивниот архитект“(Bogdanović by Bogdanović: Yugoslav Memorials through the Eyes of Their Architect).

bogdan2
Богдан Богдановиќ роден 1922 г. во Белград, починал2010 г. во Виена е југословенски архитект, теоретичар, професор и градоначалник на Белград. Неговите споменици посветени на жртвите и хероите од Втората светска војна, распространети низ цела поранешна Југославија, продолжуваат да привлекуваат внимание и денес, повеќе од дваесет и пет години по распадот на земјата. Проектирани помеѓу раните 50-ти и доцните 70-ти години, овие дела заземаат значајно место во историјата на модерната архитектура, прецртувајќи ги границите меѓу архитектурата, пејзажот и скулптурата. Оваа книга на 128 страници ја претставува изградената поставеност на Богдановиќ преку речиси педесет фотографии во боја, направени непосредно по завршувањето на секој проект. Публикацијата вклучува вовед од архитектонскиот историчар Владимир Кулиќ, предговор на кураторот Мартино Стиерли и избор на мисли на Богдановиќ за фотографија. Внимателно изведени и направени со професионална камера, неговите фотографии, многу од нив претходно необјавени, сами по себе се уметнички дела.
Автори Владимир Кулиќ и Волфганг Талер. Со текстови на Богдан Богдановиќ, Владимир Кулиќ, Мартино Стиерли.

bogdan1

Испрати коментар

Scroll To Top