Жирито на интернационалниот конкурс за најдобар предлог проект за нов музеј на Баухаус ги објави двајцата финалисти. Едниот од финалистите е шпанското архитектонско студио составено од архитектот Gonzalez Hinz Zabala и фирмата Roser Vives de Delás, чиј што дизајн се базира на долга правоаголна структура составена од структурална рамка каде што долниот дел е целосно транспарентен, а над него се издигнува црн волумен.
Вторио финалист е составен од Њујоршките студија Young & Ayata и Misako Murata, а нивниот дизајн е целосно спротивен на претходно споменатиот проект. Тие предлагаат група на споени шарени волумени со закривени форми под кои што се формираат патеки.