Во Русија е распишан меѓународн архитектонски конкурс за домување со цел да се обезбедат 30 милиони руски жители со нови домови до 2025 година. Задачата на конкурсот е да се понудат нови, иновативни решенија за подобрување на домувањето и планирање на нови содржини за поквалитетно живеење. Конкурсот е организиран од Владата на Руската Федерација, Фондацијата Национален институт за развој на станбеното живеалиште и Руското Министерство за градежни работи кои работат заедно за да создадат нови стандарди за достапно домување.
Врз основа на урбаните целни модели кои ги развила компанијата Стрелка КБ од учесниците на конкурсот е побарано да испроектираат до четири решенија за еден од моделите; низок, среден и централен. Преку урбанистичкиот блок на планот и концепциската шема и функција, успехот на секој предлог е оценет во согласност со неговата способност да го подобри квалитетот на живеење во руските градови и неговата прилагодливост на различните климатски услови и разни буџети.
На конкурсот учествувале 400 архитектонски тимови од целиот свет. Проглаени се 20 финалисти кои се селат во втората фаза од надпреварот, а победниците ќе бидат објавени во месец април.
Меѓу 20-те финалисти 11 проекти се на архитекти од Русија, а еден е од Македонија на архитект Сара Симоска.
Во продожение ви ги претставуваме 20-те финалисти:
PPA Arquitetura – Бразил
TA.R.I. – Architect, Италија
Akhmadullin Architects – Русија
Grupo H d.o.o – Словенија
Pioneer Project group – Русија
MID – RISE – Интернацинален тим
DO Architect – Литванија
2Portala – Русија
Ad Hoc Architecture – Русија
DNK Architectural group – Русија
LLC Escher – Русија
Plan_B – Русија
Anarcitects Studio – Холандија
Luis Eduardo Calderоn Garcia – Колумбија
Сара Симоска – Македонија
Bureau ARD – Русија
DA Project – Русија
LLC Archi Fellows – Русија
Pole – Design – Русија
Bold – collective – Холандија