Директорот на биеналето кое што треба да се одржи во Венеција во 2016 година, Alejandro Aravena конечно ја објави темата насловена како ,,Reporting From the Front”. Темата се однесува на истражување на улогата на архитектите во битката за подобрување на условите за живот низ целиот свет, односно истата има за цел да се фокусира на архитектурата која што работи во рамките на ограничувањата презентирани од страна на недостатокот на ресурси.